Имам нешто да те прашам

Елена Миленковска: Во 2020-та правиме свадба со Гуте и сум многу среќна поради тоа (Фото+Видео)

Музика24: Наближуваат Божиќните празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата празнична адмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Елена Миленковска: Јас се чувствувам како мало дете кога се овие празници во прашање. Годинава накитивме многу порано дома баш поради тоа што сета таа атмосфера и еуфорија. Тоа ме прави среќна и еуфорична. Секоја година се повеќе се радувам на овие празници. Најубаво ми е кога тие денови ги поминувам со мојата фамилија, секако се одмара, а и се јаде (се смее).

Музика24: Дали и после толку години веруваш во легендата и приказната дека постои Дедо Мраз?

Елена Миленковска: Дааааа! Уште од мала верувам дека постои Дедо Мраз и секоја година си замислувам што сакам оваа година да ми донесе. Оваа година чекам еден убав подарок.

Музика24: Сите ние малку или повеќе на некој чуден начин веруваме дека Дедо Мраз ќе ни донесе некаков подарок, односно, она што сме си го посакале во текот на годината. Дали можеби како дете си оставала празни новогодишни чорапчиња и си го чекала подарокот од најпосакуваната личност во овој период од годината, дедото со бела брада?

Елена Миленковска: Па да, не сум оставала новогодишни чорапчиња, но секоја година знам дека еуфорично се будев многу рано насабајле и трчав до елката да видам дали Дедо Мраз веќе дошол и ми донел нешто.

Музика24: Како вообичаено се подготвувате за дочекот на Новата година? Подготвувате специјалитети, сакате да уживате во прошетките со најмилите, купувате подароци за саканите…?

Елена Миленковска: Кога бев мала беше се подготвено. Мама спремаше, а јас и брат ми јадевме и уживавме со најблиските. А кога пораснав и почнав да работам, скоро секоја Нова година ја поминувам работно, со оглед на мојата професија како пејачка. Но затоа, следните денови се тука да уживам, одмарам и се насладувам во секакви новогодишни јадења.

Музика24: За дочекот на Новата година секогаш и пред се тебе најважно ти е добро друштво, забава и добра музика… или пак онака домакински во опуштена адмосфера со малку повеќе храна, пиење, смеа и потоа секако некој новогодишен филм?

Елена Миленковска: Секако, домакинска атмосфера. Мене би ми било најубаво оваа Нова година да ја поминам со Гуте во нашиот дом, со храна, музика и многу љубов.

Музика24: Како и на кој начин ги изненадуваш саканите за Новогодишните празници? Кој е подарокот кој што вообичаено сакаш да го подариш, и што е она што тебе би те изненадило како подарок?

Елена Миленковска: Хммм… па зависи од тоа во какво расположение сум јас и каква инспирација имам. Обично гледам тоа да биде нешто што таа личност некое време го посакува. Гуте знам како точно да го изненадам, иако знам дека и на мене и на него најубав подарок би ни било да бидеме заедно за Нова година во друштво на многу љубов. Мене не ми се битни подароците, како поминува времето се помалку и помалку. Сакам ако има подарок да биде нешто креативно и убаво замислено, но скромно.

Музика24: Што всушност за Вас претставува сета таа празнична предновогодишна еуфорија, дочекот на Новата година и сите оние мали и поголеми случувања поврзани со овие празници?

Елена Миленковска: Па за мене искрено овие празници претставуваат убаво поминати денови со Гуте и нашите фамилии… затоа и ми се толку битни. А останатите празнични случувања и не ми се толку битни, секогаш ги имало и ќе ги има. Тајната е во малите нешта.

Музика24: Како, каде и на кој начин ќе ја испратите 2019-та, а ќе ја дочекате Новата 2020-та година?

Елена Миленковска: 2019-та година ќе ја испратам со многу љубов и благодарност за се што ми се случи во текот на годината. Тоа беше најубавата година во мојот живот. Го запознав Гуте и се веривме и за тоа многу сум му благодарна. А 2020-та година ќе ја дочекам возбудливо, бидејќи знам колку убави работи ме чекаат оваа година.

Музика24: Кој е според тебе настанот од областа на музиката кој што ја одбележи 2019-та?

Елена Миленковска: Според мене многу настани во музичката област ќе ја одбележат 2019-та година. Многу успеси на мои колеги… И успехот на Гуте изминатата година.

Музика24: А кој е пак според тебе хит песната која што на некој начин ја одбележа 2019-та година и видеоспотот кој што тебе ти остави најголем впечаток изминатата година?

Елена Миленковска: Премногу сум горда на Гуте, бидејќи потпиша договор со Гранд продукција и ја промовираше својата прва песна “Где год да си анџеле”. Тоа е песната која ми ја одбележа 2019-та година.

Музика24: Веќе сме на прагот на една нова и се надеваме и веруваме поуспешна и поубава година за сите нас. Кои се твоите планови, замисли и идеи за Новата 2020-та година? Што би сакала да ти се случи, оствари и реализира на приватно поле и во полето на музичката кариера?

Елена Миленковска: Да, верувам дека Новата 2020-та година ќе ни донесе на сите многу здравје пред и се, а потоа и се останато. Мене секако ќе ми биде една од најуспешните на приватно поле. На 22-ри фебруари со Гуте во Скопје ќе правиме голема свадба и сум многу среќна поради тоа. На музичко поле би сакала да издадам прв сингл на српски јазик и од тука да започне мојата музичка кариера во Србија.

Музика24: И како за крај на ова наше новогодишно интервју, што од срце би им посакала на твоите фанови, поддржувачи, како и читатели на музичкиот портал Музика24?

Елена Миленковска: На сите би им посакала во Новата 2020-та година да посветат повеќе време на себе си. Правете го она што вас ве прави среќни. Сакајте и бидете сакани, хранете се со многу повеќе љубов и насмевки и живејте помирно и поспокојно. И започнете го секој ден читајќи го единствениот македонски музички портал Музика24. Среќна нова година!

Elena Milenkovska - Da se opet tebi vratim, Soba 23 - (live) - ZG - 19/20 - 05.09.10. EM 03

Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: