Во прв ред

Меѓународен турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески (Фото)

Од 24-ти до 26-ти јануари, во спортската сала “Форца”, ќе се одржи 11-то издание на Меѓународниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Општина Карпош е главен покровител на овој спортски настан, кој се организира во спомен на нашата музичка легенда која е родена на 25-ти јануари 1981 година.

Оваа година учествуваат екипи од Општина Карпош, Општина Крушево, НЛБ банка, “Лиличи Ароши” (Велес), Нова Градишка (Хрватска), Корча (Албанија), “Мандра” – Скопје и Општина Чаир.

Со учеството на тимови од разни држави се потврдува дека Тоше беше личност која обединуваше различни култури и држави. Во оваа пригода во посета на Карпош и Скопје ќе биде и градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, кој ќе оствари и средба со градоначалникот на општина Карпош. Проески беше жител на Злокуќани, општина Карпош, а трагично загина во Нова Градишка. Со цел да не се заборави неговата мисија и вредност овие две општини негуваат континуирана соработка на полето на спортот и културата.

Натпреварувачкиот дел од турнирот почнува в сабота (25-ти јануари), во 10 часот. В недела (26-ти јануари), од 10 часот се игра натпреварот за трето место, а во 10.45 часот е финалето на турнирот. Од 12.30 до 13 часот е доделувањето пехари и благодарници во хотелот “Александар палас”. Турнирот се организира во соработка со Здружението на стопанствениците Власи “Мандра”.

Можеби ќе ве интересира: