Магазин

Погледнете: Како би изгледала земјата без мориња и океани (Видео)

Морињата и океаните го покриваат поголемиот дел од земјината површина, вклучувајќи го и нејзиниот најдолг планински ланец и древните рути, по кои во минатото луѓето поминувале од континент на континент. Научникот Џејмс О’Донахју при обработката на видеото на НАСА, покажал како би изгледал светот, кога би исчезнале океаните и кога би се откриле речиси три петини од сокриената површина на Земјата.

На анимацијата може да се види и најдолгиот планински ланец на Земјата, којшто би се појавил кога нивото на морето би опаднало за 2.000 до 3.000 метри. Се работи за ланец кој се протега 60.000 км низ светот, а повеќе од 90 отсто од неговата површина сега е под вода.

Можеби ќе ве интересира: