Авалон продукција соопштува дека со оглед на новонастанатата ситуација и мерките донесени од Владата коишто се поврзани со Коронавирусот, мартовските концерти на “BOND”, Жељко Бебек и “Електрични Оргазам” се одложуваат и континуирано се работи за да се обезбедат нови дати за концерти во месец мај. Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот.
