Бијонсе го препеа хитот “Back to Black” на Ејми Вајнхаус, за филмот “Големиот Гетсби”. Музиката е компонирана од Џеј Зи. Актерите Леонардо Ди Каприо, Кери Малиган и Тоби Мегвајер се дел од филмот “Големиот Гетсби” врз основа на истоимениот роман на Ф. Скот Фицџералд.
“Големиот Гетсби” е класична американска приказна во светот на декаденција и илузија, но овој пат ќе добие модерни ефекти”, изјави Џеј Зи. Обожавателите на Вајнхаус можат да ја слушнат “Back to Black” во изведба на Бијонсе.
Подготви: Виолета Трајкоска
