World Music

Џастин Бибер нема пријатели, а од неодамна нема и милениче?! (Фото)

Поради статусот на ѕвезда кој го стекна со само четири години, Џастин Бибер кој има само 19 години изјави дека има само четири луѓе со кој е близок.

“Мојот телефон ретко ѕвони. Само со тие малку луѓе комуницирам. Не верувам никому, но не ми ни треба еден куп пријатели за да бидам среќен”, изјави пејачот за “Teen Vogue” и додаде дека споменатите личности со кои е близок го игнорираат неговиот статус, иако на Твитер има преку 37 милиони обожаватели.

“Тие не ме гледаат како Џастин Бибер, туку само како Џастин”, заклучува тој. Но, покрај тоа што нема вистински пријатели, Бибер минатата недела остана и без своето милениче, мајмунот Моли, кој му го одзедоа на царината во Германија, бидејќи пејачот ги немал потребните документи за него. Но, Моли наскоро ќе добие нов дом и тоа во британската зоолошка градина, благодарение на “The Sun”.

Имено, од списанието дошле до идеја да го донесат Моли од Германија, за да му осигурат сигурно сместување. Џастин добил четири недели во кои има можност повторно да се грижи за животното, но не смее да го однесе со себе во Америка. Мајмуните од видот капучинери се забранети како домашни миленици во Калифорнија и Џорџија, а тоа се местата каде ѕвездата го поминува поголемиот дел од своето време. Од “The Sun” порачаа дека се подготвени да ја превземат одговорноста за животното, доколку Бибер не сака. Шефот на засолништето за животни во Минхен, во кој престојува неодамнешниот миленик на Бибер, ја поддржува оваа одлука. “Мајмунот не треба да биде на турнејата, бидејќи животните не се моден детал на ѕвездите”, изјави Карл Жоаким.

Милиеничето на Џастин Бибер - мајмунчето МолиПодготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: