Дали се сеќавате на она младо момче кое што има поминато низ навистина тежок живот, предизвици кои малкумина од нас ги доживуваат. Филип Ристовски чии живот кој после кобната сообраќајна незгода висеше на конец, 20-на дена беше во длабока кома, денес е младо момче на кој што Господ му подари втор живот и кој што истиот го живее со полни гради.
Тој после се она што го доживеа, со радост и задоволство може да се пофали дека е пред издавањето на неговата прва книга, авторска во која го раскажува целиот свој живот, сите тешки и болни моменти како и се она што тој го има преживеано изминатиот период.

“Победата му е најслатка на тој што ќе победи” е насловот на книгата што се очекува да биде наскоро промовирана, секако, ние навреме ќе ве информираме за промоцијата и нејзиното излегување. Тој за Музика24 вели:
“Особено одвоив една страница во книгата во која имам посвета за мојата мајка и сестра која вели: На мајка ми Сузана и сестра ми Радица им се заблагодарувам за несебичната љубов и невидената трпеливост, секако и Благодарност до мојот тренер Александар Кираџиев и Kiradjiev Training Systems”. Инаку Филип моментално е во врска со една позната личност од македонската музичка сцена, но за која личност станува збор, сега за сега тој вели нека остане мала тајна а сето тоа можете и лично да го дознаете доколку бидете дел од неговата промоција која и ние со нетрпение ја очекуваме или веднаш по истата на вашиот омилен портал Музика24.
А до најавата за промоција на неговата прва искрена и авторска книга, во продолжение, погледнете и комплетно информирајте се за тоа како и низ што се има поминато Филип досега во неговиот живот за само 24 години.
