World Music

Адел повторно се враќа на сцената

Популарната британска пејачка Адел се врати во студио првпат по породувањето во октомври. Очекувањата од неа се огромни, со оглед на тоа дека нејзиниот последен албум “21” освои голем број награди. Поради тоа пејачката се одлучи за соработка со Џејмс Форд и Кид Харпун, најдобриот продуцент и текстопиесец.

“Адел сака да ги помести границите и нејзиниот нов албум да звучи што поенергично. Собра првокласен тим, а таа верува дека можат да и помогнат да постигне ист успех како со првите два носачи на звукот. Тоа баш и не е така лесна задача, со оглед на тоа што светот очајно сака да ја чуе”, изјави извор близок до тимот. Албумот би требало да излезе следната година, но не е познато дали ќе биде именуван според бројот на нејзините години, како и претходните два (“19” и “21”).

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: