Магазин

Разладете се со одличен домашен сладолед од малини

Има ли нешто полесно и поубаво од сладолед во овие топли и пеколно жешки денови. Сите го сакаме и знаеме дека едноставно ќе не разладаи, а и добро ќе не заслади. Наш предлог во денешната рубрика 24забава е да подготвите вкусен домашен сладолед од малини како за најмалите, како и за сите останати во семејството. А што се е потребно тоа да го направите…

Потребни состојки:

-500 гр свежи или замрзнати малини
-150 гр шеќер (може и мед)
-350 мл слатка павлака со помала масленост
-1 лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Свежите или полусмрзнатите малини ставете ги во блендер и измелете ги. Ставете ги во еден сад и додадете го и шеќерот. Мешајте додека да се растопи шеќерот. Во сирупот од малини додадете ја павлаката и екстрактот од ванила и по желба додадете една рака цели малини. Убаво измешајте. Добиената смеса сипете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач. Морате на неколку пати да го вадите садот и да го промешувате сладоледот за да не ви се направат кристали.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: