Еден од најдобрите пејачи во Босна и Херцеговина, истовремено и најконтроверзен, Божо Вречо, неодамна го промени свој стајлинг. Тој ја потстрижи долгата коса, ја скрати брадата и верувајте не би го препознале, а да не знаете дека станува збор за него. Тој на фотографијата која што ја постираше каде што е со кратка коса и средена скратена брада напиша:
“Новиот Божо, нов стил, нови песни. Дозволете ми да почнам. Јас сум супер радосен што повторно ќе снимам. Едвај чекам да влезам во студио и да снимам нови песни. Prince & Freedie ме инспирираа, show must go on! Подготвен за нови интересни проекти. Ви испраќам многу љубов”, напиша Божо на социјалните мрежи.

Инаку, на 23-ти февруари тој во Скопје имаше свој голем концерт пред македонската публика и своите македонски фанови. Концертот помина успешно со голема посетеност. На својата публика и вети дека следната 2021 година повторно ќе има концерт во Скопје.
Подготви: Марија Поповска
