Во прв ред

Петар Грашо на 20-ти август во Хераклеа

По феноменалниот концерт во Охрид на 1-ви август, овојпат хрватска поп-ѕвезда Петар Грашо на 20-ти август ќе го гледаме и во Битола. Ексклузивен концерт на кој ќе ги отпее своите најголеми хитови, Петар Грашо за прв пат во Хераклеа. Продажбата на картите ќе започне од вторник (11.08) преку мрежа на www.kupikartizase.com.

Ова е навистина уникатна можност, човекот кој ги има испеано хитовите “Ako te pitaju”, “Moje zlato”, “Utorak”, “Ko nam brani”… и уште многу други, и во моментов претставува хрватска институција, да го видите во интимен амбиент во Хераклеа.

Согласно протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести, за заштита од вирусот Ковид-19 во продажба ќе бидат пуштени само 600 карти. Задолжително носење на маска на секој посетител.

Можеби ќе ве интересира: