Во прв ред

Жељко Бебек Ве повикува на концерт во Охрид и Битола (Видео)

Хрватската музичка ѕвезда, Жељко Бебек, сними видео порака во која ја поканува публиката на концертно дружење во Античкиот театар во Охрид на 21-ви август и во античкиот театар на Херакела – Битола на 22-ри август (сабота).

“Драги мои пријатели. Едвај чекам на 21-ви август во Охрид и 22-ри во Битола. Едвај чекам да се видиме и да пееме сите заедно. Многу Ве сака Бебек”, вели Жељко Бебек во видео пораката до македонската публика.

https://www.facebook.com/238231442871557/posts/3695051827189484/

Не пропуштајте ја можноста да ги слушате големите хитови на “Бијело дугме” и Жељко Бебек во Охрид и Битола. Билетите се достапни на avalon.mk, продажната мрежа на Авалон и на билетарите на Античкиот театар и Хераклеа од 20 односно 19 часот.

Можеби ќе ве интересира: