За прв пат во Македонија се најавува одржување на концерт “Акустично како некогаш” на познатата група “Галија” во Битола. По скоро 25 години од познатиот акустичен концерт одржан на Бадник во 1995 година, култниот бенд “Галија” од минатата година започнува со акустични концерти насловени “Акустично како некогаш”. Публиката во Битола на 3-ти септември со почеток во 21 часот во античкиот театар на Хераклеа ќе има ретка можност во акустичен формат да ги слушне старите, добри песни кои до денес оставаат траги но овој пат обоени со топлиот звук на дрвените инструменти.
“Додирни ме”, “Старе трубе”, “Још увек сањам”, “Дигни руку”… се само дел од песните од богатиот повеќедецениски репертоар на “Галија” кој публиката ќе може да го слушне во Хераклеа. Незаборавната “Галија”, како обележје на едно минато време, на 3-ти септември ќе ја исклучи струјата и нивната музика ќе одекне на поинаков начин во вистинскиот изворен сјај.
Влезници во ограничен број преку продажната мрежа на mktickets.mk.
