Во прв ред

Вечерва во Штип гооолема хип хоп забава (Фото)

Штип и околината, дали сте спремни за хип хоп журка во права смисла на зборот? Нашите колеги од хипхоп.мк вечерва со почеток од 21 часот во Домот на млади ќе ја организира првата хип хоп журка за оваа година во Штип. Артисти кои ќе настапат на оваа журка ќе бидат : “Tha Titanium” од Прилеп, “Raw N’ Wicked” од Скопје, “Bad Contract” од Охрид, “Духот” од Кочани, “Саша & Нешо” од Велес, “Деки о2 & Мичо” и “Контра Напад & Паки” од Скопје и секако DJ кој ќе стои позади грамафоните ќе биде DJGoce D’sance. Покрај настапите, пред почетокот на журката настап ќе земат и Street Dance School My Space, со кореографија изработена од страна на Елена “ЕЛ” Гичева. Почетокот е од 21 часот, а влезот е бесплатен.

Хипхоп.мк им се заблагодарува на луѓето кои излегоа во пресрет за журката да се оствари. Момци и девојки, организаторите ве повикуваат на незаборавна хип хоп забава, едноставно уживајте во рап моментите.

Постер за хип хоп забавата во ШтипПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: