Авалон продукција го откри и последниот бенд кој ќе настапи на големата фестивалска сцена заедно со “Last Expedition“, “Foltin“ и “Pluto’s Doubts“, за да вечерта која е посветена на водечките сили на домашната музичка сцена биде комплетирана, а тоа е скопскиот експлозивен бенд и еден од најдобрите домашни live состави во моментов- “Funk Shui“.
Со својот препознатлив “free flow” звук, заразна енергија на сцена, хитови како градските химни “Виулица” и “Крик”, идните евергрини “Стаклени нозе” и “Деца”, и секако последниот сингл “Метеори”, “Funk Shui“ заслужено го потврдија своето “место под сонцето” на македонската и балканската музичка сцена.
Потсетуваме дека билетите за “Skopje Calling“ се пуштени во продажба во строго ограничен број, и истите се достапни по цена од 600 денари онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ Македонија.
