Утре, понеделнички во кафулето “Љубов”, ќе се одржи официјална промоција на првиот сингл од последниот албум на Bei The Fish – Instant Generation (At The End Of The Sand). Песната истовремено ќе доживее и ексклузивна регионална премиера на музичкиот канал MTV, точно во 20:00 часот.
По долгогодишно непојавување во своите видеа, главните улоги во спотот ги завземаа самите членови на бендот: Огнен Анастасовски, Валентина Миновска, Ненад Тонкин и Владимир Настевски. Тоа така добро го направија под камерата на Георги М. Унковски, кој што е најголемиот заслужник за комплетниот изглед на спотот. По првата многу успешна приказна “True Story”, ова е негово второ видео за овој бенд.
Подготви: Редакција Музика24
