Во прв ред

Вечерва концерт на “Нокаут“ во Хераклеа

Денес е денот кога “Нокаут“ повторно ќе се сретне со битолската публика. Специјални гости на вечерта ќе бидат Игор Џамбазов, и рок легендата која со нив настапи и на Античкиот театар во Охрид, Венко Серафимов.

Продуцентската куќа Сцена и “Нокаут“ ја уверуваат публиката и пошироката јавност дека вечерта на концертот ќе бидат запазени сите мерки на претпазливост.

Задолжително е носење на маски во текот на целиот концерт а исто така на влез според протоколите ќе се врши проверка на температура и задолжителна дезинфекција на сите пред влез во гледалиштето. Организаторот за почитување на протоколите и одржување на редот и дистанцата на концертот има ангажирано редари.

Концертот започнува во 21:00 часот,а влезот ќе биде отворен во 19:00 часот.

Билети во предпродажба можат да се набават во продажната мрежа на https://mktickets.mk/…/%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%83%D1%8…/ по цена од 400 денари, на влез 600 денари и тоа во ограничен број.

Најважно е да се биде претпазлив, а тоа е просто и лесно, а и совесноста е во мода оваа 2020 година.

Можеби ќе ве интересира: