Посебен културен настан, свечен концерт по повод големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи на 23-ти септември (среда), во Големата сала на Македонска филхармонија, со почеток во 20 часот. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции. Бидете и Вие дел од овој уникатен настан, за заедно да му оддадеме чест на Бигорскиот манастир, кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја.
