World Music

Лејди Гага открива: “Се плашев да излезам од дома”

Американската поп пејачка, Лејди Гага во 2014-та година откри дека се бори со психички проблеми, а сега откри и детали како се чувствувала со надеж дека ќе им помогне на другите.

“Секое утро кога ќе се разбудев ќе се сетев дека сум Лејди Гага и станував депресивна”, објаснува таа. Како што таа вели, се плашела да ја напушти куќата, а кога ќе се случело тоа со часови седела надвор, плачела и ги пушела своите омилени цигари. Сепак, пејачката се одлучила да побара стручна помош, а освен терапијата, музиката и помогнала да се чувствува подобро.

“За мене слободата е кога ќе ги посетам најтемните делови на душата и кога ќе се потсетам на тешките работи, кои не се оставаат толку лесно. Ми недостигаше чувството да сум човек, затоа бев и среќна и депресивна во исто време”, открива Гага во изјава за медиумите.

Можеби ќе ве интересира: