Во САД вчера беше одбележан “Денот 420”, што го прославуваат сите што конзумираат марихуана и се залагаат за нејзина легализација. На една од големиот број забави во таа чест присуствуваа и позната пејачка Ријана и моделот Адријана Лима. Ријана вчера одржа концерт на Флорида, а зад сцената и се придружи и супермоделот Адријана Лима.
“Само опасни кучки можат зад сцената на “Diamonds” турнејата”, напиша Ријана на нивната заедничка фотографија објавена на твитер. Познатата пејачка од Барбадос на твитер објави и фотографија од торта во облик на марихуана, што ја добила како поклон од своите симпатизери.
Подготви: Редакција Музика24
