Магазин

Од денес во кината се прикажува филмот „Хакер“ синхронизиран од Steffonator (Трејлер)

Во кината ширум земјава од денеска почнуваат проекциите на данскиот филм „Хакер“, синхронизиран на македонски јазик од познатиот македонски јутубер Steffonator и актерот Горазд Цветковски.

„Станува збор за филм кој е многу добра тинејџерска акција. Беше голем предизвик за мене, но сепак ја прифатив понудата и се впуштив во една многу убава приказна во која многу уживав. Филмот е синхронизиран на македонски јазик со мене во главната улога и со уште неколку предобри актери во останатите улоги“, вели Steffonator.

Филмот започнува да се прикажува во едно од скопските кина на 1-ви октомври. На 5-ти и 6-ти октомври ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Во текот на октомври планирани се проекции во Битола и Радовиш. Проектот е подржан од Министерството за култура, а најавена е и можност за гледање на филмот на платформата Cinesquare.

Можеби ќе ве интересира: