Музика на кирилица

Влатко Стефановски ја доби Октомвриската награда на Лесковац

Реномираниот македонски музичар Влатко Стефановски на 11-ти октомври во српскиот град Лесковац го доби највисокото општинско признание – Октомвриска награда.

Градот Лесковац го одбележува 11-ти октомври како Ден на ослободувањето во Втората светска војна односно Ден на градот.

Признанија им припаднаа на академици, професори и бизнисмени, а меѓу добитниците се најде и нашиот Влатко Стефановски. Влатко за наградата беше предложен минатиот месец од градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ. Влатко минатиот месец во Лесковац настапи на фестивалот „Strings“, по што беше удостоен со прием во тамошната локална самоуправа. Цветановиќ го предложи Стефановски за наградата поради неговата голема љубов кон Лесковац и поради тоа што овозможил Лесковац да биде поставен на мапата на културни случувања во регионот.

– „ Драго ми е што жителите на Лесковац ја препознаа мојата наклонетост, љубов и пријателство со овој град. Во последните десет години, почнав да доаѓам и да свирам се почесто во Лесковац, а во исто време запознав неколку прекрасни луѓе кои доаѓаа кај мене во Скопје, кои често ги гледав и ги дружев тука. Ви благодарам што ја препознавте мојата работа, уште еднаш ви го честитам Денот на градот, кој воедно е и Ден на македонската борба на Република Северна Македонија, така што се совпадна – рече Стефановски.

Можеби ќе ве интересира: