Културо

В четврток хуманитарен концерт во Македонска филхармонија

Оркестарот на Македонска филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22-ри октомври (четврток) со почеток во 20 часот насловен „PERASPERAADASTRА“. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Македонската филхармонија – Драган Младеноски. На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Концертот за пијано, труба и гудачки оркестар оп.35 од Дмитри Шостакович бил заврешн во 1933 година, и во него композиторот прави експеримент со употреба на необарокни инструменти. И покрај насловот концертот повеќе може да се класифицира како дупли концерт, бидејќи пијаното и трубата имаат еднаков третман и комплексност во партитурата. Години, подоцна, Шостакович изјави дека примарно планирал да создаде Концерт за труба и оркестар, а потоа го додал пијаното за да биде дупли концерт. Како што го пишувал, тој се трансформирал во пијано концерто со соло труба.

Дмитри Маслеев (1988) учи пијано на конзерваториумот „П. И. Чајковски“ во Москва во класата на проф. Микхаил Петруков, како и на Интернационалната академија за пијано на езерото Комо во Италија.Како „суперсолист“ беше најавено дебито на Дмитри Маслеев со оркестарот наНационалниот оркестар на Франција во 2020 година на кој го изведе Концертот за пијанои оркестар број 1 од П. И. Чајковски, дело кое му обезбеди интернационална кариераоткако стана лауреат на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во 2015 година. Овојисклучителен млад пијанист годината ја почна со деби во Златната сала на Музиверејн ина главната сцена на Берлинската филхармонија. Оттогаш, Германија и Франција сенегови главни дестинации, каде што соработува со врвните оркестри. Неговото деби воПариз беше во фондацијата „Луј Витон“, а рециталот го пренесуваше ТВ Медичи наилјадници луѓе во светот.

Можеби ќе ве интересира: