Наскоро ќе биде промовиран албум со необјавени композиции на великанот на филмската музика Енио Мориконе кој почина во јули годинава. Во богатата кариера Мориконе напиша над 400 композиции за филм и стотина класични композиции.
Постхумниот албум со необјавени композиции ќе излезе на 6-ти ноември под името „Morricone Segreto“ и ќе содржи 27 нумери од кои 7 необјавени композиции напишани од Мориконе од 60-ти до 80-тите години на минатиот век но и помалку познати филмски теми.
Во описот на колекцијата се вели дека скриената, темна, психоделична страна на маестрото и ексцентричниот дел од неговата личност допрва ќе се откриваат.
