Денес МРТ го пушти новиот македонски евровизиски спот за новата евровизиска “Пред да се раздени” или “If i could change the world” на англиски јазик. Спотот е во продукција на МРТ, а истиот беше денес промовиран на Македонската телевизија и пуштен на музичкиот интернет канал Ју Туб. За нешто повеќе од 10-на дена ќе се одржи евровизиското шоу кое оваа година како што веќе сите знаете ќе се одржи во Малме, Шведска.
Нашата Есма и младиот Лозано ќе настапат на втората полуфинална вечер (16-ти мај). Дали оваа година ќе бидеме дел од големото финале во кое со години не можеме да се пласираме, останува само да видиме и да ги стискаме палците за нашите преставници.
Подготви: Александра Блажевска
