Културо

Четврток во Македонска филхармонија, Бетовен во изведба на тројца исклучителни солисти

Македонска филхармонија во четврток со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Бетовен #3“ на кој како солисти ќе настапат тројца исклучителни музичари Емир Имеров-виолина (Германија), Александар Кагановски-виолончело (Швајцарија) и Ваг Папијан-пијано (Израел). Како солисти ќе настапат во изведбата на Концерт за виолина, пијано, виолончело и оркестар оп.56 од Бетовен. Диригент е Конрад ван Алфен од Холадија, а на програмата е и Серенада за дувачки оркестар од Антонин Дворжак.

Концертот за виолина, виолончело и пијано во С-дур, оп.56, познат како Троен концерт, Л.В.Бетовен (1770-1827) го напишал во 1803 година. Изборот на инструменти всушност формално го прави пијано трио и тој е едниствниот концерт кој Бетовен го напишал за повеќе од еден инструмент. Музиколозите го дефининираат како помалку брилијатен “брат“ на другите дела кои ги создал во истиот период – операта “Фиделио“,

Четвртиот пијано концерт, Виолинскиот концерт и Четвртата симфонија. Серенадата за дувачи, виолончело и контрабас во d-мол, оп.44 е камерно дело на чешкиот композитор Антонин Дворжак (1841-1904). Делото му е посветено на германскиот композитор и музички критичар Луи Елерт, кој ги промовирал неговите “Словенски танци“ во германскиот печат. Создадена е во 1878 година, а премиерно била изведена истата година под диригентската палка на композитор. Серенадата музички евоцира атмосфера на музичките изведби во замоците за време на периодот на Рококо, каде што се мешале аристократијата и обичните луѓе. Напишана е во типичен „словенски“ стил (непосредно по неговите „Словенски танци“), и иако во неа нема фоклорни цитати во вториот став има специфичен бохемиски танцов ритам.

Можеби ќе ве интересира: