Фестивали

Концерт на Благој Нацоски и изложба на портрети на 43. Денови на македонска музика

Сојузот на композитори на Македонија Ве покануваме на двојно задоволство во третата сезона на 43. Денови на македонска музика – два настани со црн и црвен конец везени. На 9-ти декември (среда) од 19 часот во Фоајето на Националаната опера и балет ќе биде поставена изложба на акварелни портрети од живи македонски композитори на Снижана Мелник, уметник од Украина.

Од 20 часот следува  концерт на светски познатиот македонски тенор Благој Нацоски и оркестарот „Профундис“ под диригентска палка на Ѓурѓица Дашиќ.

Настаните се организирани според сите здравствени протоколи за заштита од COVID-19. Влезот е слободен.
Задолжителни резервации на е-mail: [email protected] или телефон: +38970269829

Можеби ќе ве интересира: