Балканленд

Од Ковид-19 почина словенечкиот музичар Тадеј Хрушовар (Видео)

Од последиците на вирусот Ковид-19 на 73-годишна возраст почина словенечкиот музичар Тадеј Хрушовар. Хрушовар во 1975 година ја основа позната музичка група „Pepel in kri“, со која истата година ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната „Dan ljubezni“. Целата постава на групата беше составен од 12 члена, но на евровизиската сцена во Стокхолм на сцената можеа да застанат само шестмина. Тоа беа Тадеј Хрушовар, Дитка Хаберл, Ото Пестнер, Иво Мојзер, Нада Жгур и Палмира Клобос. Тие се пласираа на 13-то место.

Во 1990 година, Хрушовар со „Pepel in kri“ ги пееа придружните вокали на победничкиот настап на Тото Кутуњо на Евровизија.

Во 1986 година составот настапи на „Макфест“ со песната „Пеј за младоста, пиј за љубовта“.

Можеби ќе ве интересира: