Македонската опера и балет ги најавува оперските рецитали кои ќе се одржат в петок (11-ти декември) и в сабота (12-ти декември) во фоајето на МОБ, во пијано придружба Андреј Наунов.
В петок настапија Злата Тошевска, Марика Поповиќ, Невен Силјановски и Ана Ројдева, додека пак, в сабота настапуваат Билјана Јосифов, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ и Драган Ампов.
Билетите се во строго ограничен број. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
