Во прв ред

Новогодишен виртуелен концерт на „Last Expedition“ на 31-ви декември

Авалон продукција го најави својот новогодишен проект – виртуелен концерт на еден од најкултните македонски бендови на сите времиња – „Last Expedition“. Концертот ќе се емитува на Facebook страна на Авалон продукција на 31-ви декември, со почеток од 23:30 часот.

„Иако 2020-та е веројатно најчудната и најпредизвикувачка година по сите параметри, особено за музичката индустрија, сепак веруваме дека ќе успееме да направиме барем малку да се почувствувате поразлично и да ја испратиме оваа година со музика и добар рокенрол, макар и онлајн. Нашите пријатели од „Последната експедиција“ ќе настапат со специјална новогодишна програма, а ќе имаат и гости кои ќе ги оставиме како изненадување на вечерта. Да ја испратиме оваа чудна 2020-та и да ја дочекаме 2021-ва со LAST EXPEDITION НА СТРУЈА!“, порачуваат од Авалон продукција.

Можеби ќе ве интересира: