Балканленд

„Психомодо поп“ со спот за „Вампир“ ја испраќаат 2020-та година (Видео)

Неочекуваните настани што го свртеа целиот свет наопаку ја одбележаа оваа незаборавна 2020-та година. За среќа, музиката отсекогаш била со нас и го олеснуваше справувањето со сите овие неволји. Така, нашите рокенрол sвезди „Психомодо поп“, наместо живи свирки, направија некои други работи и за крајот на годината ни дадоа одлично видео за синглот „Вампир“.

Темните, напуштени улици и скриените простори на Горниот град на Загреб послужија како идеална позадина за прикажување на шестиот сингл од албумот „Дигитално небо“. Радислав Јованов Гонзо, кој повеќе години визуелно ги оживуваше песните на групата, уште еднаш диригираше со диригентската палка.

За крај, но и нов почеток, омилениот рокенрол тим вели: „Еј! На линија е Давор Гобац. Каква беше годината, знаете, такво е видеото за крајот на годината. Бидејќи сите станавме вампири оваа година, еден “вампир” за крајот на годината. Ве сака Вашиот „Психомодо Поп” !

Можеби ќе ве интересира: