Културо

Во Бигорски манастир за Василица претставени возобновени коледарски песни (Видео)

На празникот на Обрезанието Господово и на Свети Василиј Велики, покрај традиционалното прекршување на василопитата, во спомен на Свети Василиј Велики и чудото што тој го направил. Оваа година вистинска духовна наслада беше изведбата на повеќе возобновени божикни и новогодишни каланди од страна на составот „Чалгија Мерак“ и четиричлениот женски хор, составен од духовните чеда на Старецот: Исидора, Евангелија, Евангелија и Јована, коишто, заедно со свирачите, со големо достоинство настапија пред него, во големата манастирска одаја за свечености.

Пред Владиката г. Партениј, братството и сестринствата беа изведени неколку бадникарски и новогодишни песни, т.н. каланди, коишто се пееле во периодот од Рождеството Христово – Божик, па сè до после Обрезанието Христово и Новото лето Господово. Со благослов и со огромна поддршка и соработка од страна на Епископот г. Партениј, досега се возобновени или воскреснати повеќе древни божикни и новогодишни каланди. Дел од нив потекнуваат уште од византиско време, од ромејската култура и цивилизација чиј дел и наследство сме и ние, а дел се традиционални македонски словенски песни – некои запаметени по предание, а други запишани во зборниците на народни умотворби.

За подготовката на текстовите и на хорот и за аранжирањете на музиката за годинешниве каланди најмногу се потрудија јероѓакон Анатолиј и монахиња Касијана.

Преку овие бадникарски и новогодишни песни верниот народ сакал, на некој начин, и надвор од храмовите да го слави Рождеството Христово и другите празници поврзани со него или што се слават во тој период. Она што навистина воодушевува е длабокото познавање на православната теологија, којашто наоѓа значајно место во народните стихословија, покрај, се разбира, и традиционалните фолклорни елементи.

Можеби ќе ве интересира: