Шестчлениот фуриозен состав Суперхикс, на 3-ти мај ќе ја предводи најголемата велигденска журка во Македонија, “Easter Festival” кој се одржува во Велес. Ова ќе биде прв настап на Суперхикс пред велешани по цели 16 години, па се очекува енергичен и еуфоричен настап на бендот, кој и онака е познат по најдобрите концертни забави кај нас.
“Easter Festival” годинава се одржува по втор пат, во спортскиот центар “Гемиџии”, а покрај Суперхикс, годинава фестивалот ќе ги претстави и настапите на Фолтин, The Hounds, Blue Sky, а предвидена е и афтер-забава со диџеите на Antenna 5 Radio. По гостувањето во Велес, Суперхикс ги очекува и настапот на првото издание на “Aqua Park Fest”, кој ќе се одржи од 24-ти до 25-ти мај во Пробиштип, а потоа тие летото го продолжуваат со до сега потврдените концерти во Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Романија.
Подготви: Редакција Музика24
