“Многу тажни приказни, слушнав за љубовта, ама мислев мојата ќе биде инаква, оти силно јас те посакував, кога дојде се израдував. Зошто љубовта кратко траела, досега јас не сум знаела”… Дел од текстот кој младата фолк пејачка Анастасија го отпеа на последното издание на фолк фестивалот “Цветници”. Одлично испеаната песна зачинета со одличниот стајлинг, беа добитна комбинација за Петреска.
“Мило мое” е насловот на песната на која комплетен автор е Љупчо Трајковски-Фис. Одамна на македонската фолк сцена не е направена подобра песна. Уживајте во најновото од Анастасија.

