Балканленд

Цеца Ражнатовиќ искрено признава: Ми се има случено да немам денар во мене

За време на гостувањето во емисијата „Магазин ИН“ на Сања Маринковиќ, популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ откри досега непознати детали од својот приватен живот. Имено, на прашањето на водителката дали во нејзиниот живот имало моменти кога немала пари ни да си купи кифла, фолк-дивата одговори искрено:

“Сите имаме приватен живот. Сите сме луѓе, имаме семејства, проблеми и осцилации во животот. Понекогаш сè оди одлично, понекогаш забавува. Мислам дека сите сме поминале низ ситуации кога сме немале пари ни за живот. Не е срамота да си сиромашен, жал ми е кога некој е сиромашен, но тоа не е срамота. Секој може да се придвижи од мртвата точка со работа и напор. Ми се случи да немам ни динар кај себе, зборувам како што е, тоа е вистина. Не е срамота, имав такви животни ситуации, останав без пари и ги позајмив. Се спасив од тие ситуации. Сè што немате и сè што се случува и сè што може да се поправи – не е проблем. Проблемот е кога некое лице е болно и не може да се излечи, сè друго може да се реши“, заклучи Цеца Ражнатовиќ.

Можеби ќе ве интересира: