Македонската опера и балет, поради големиот интерес на публиката Ви најавува втора изведба на балетскиот концерт насловен „Балетски бисери“ на 5-ти февруари (петок) со почеток во 20 часот. Балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска, а билетите се во строго ограничен број.
