Музика на кирилица

Влатко Лозаноски сними песна со новите другари од детската тв серија „Дајте музика“ (Видео)

Сигурни сме дека досега сте ја слушнале новата песна на еден од најдобрите машки вокали во Македонија, познатиот Влатко Лозаноски-Лозано. Тој оваа песна ја има снимено со своите нови другари и пријателчиња од детската телевизиска серија „Дајте музика“. „Другар“ е насловот на заедничката песна која е веќе хит на македонските радиостаници.

Како и сите песни досега, и оваа е дело на Лазар и Ена Цветковски, кој досега имаат голем број на хитови зад себе. Ова е уште еден доказ дека овој познат македонски пејач освен со младата публика, тинејџерите, успешно може да се снајде и спријатели со децата, кои очигледно го сакаат како него, така и неговите песни.

Можеби ќе ве интересира: