Музика на кирилица

Тамара Тодевска наскоро со нова песна, со модерен звук, но во нејзин стил (Видео)

Неодамна македонската поп пејачка Тамара Тодевска гостувајќи во интернет емисијата “Жешко столче“, откри интересни нешта кои веруваме многумина од вас досега не ги знаеле. Таа во текот на емисијата откри дека една од нејзините најпознати хит песни „Тажна љубов, среќна песна“ веќе и е здосадена и дека буквално повеќе не сака да ја пее. А што се однесува до тетовирање на дел од химната поради која што изби и големиот скандал и таа подолг временски период и не се појавуваше во јавноста, се поради грешка во пеењето на македонската химна, Тамара вели:

“Не се истетовирав да ми простат, само едно сабајле се разбудив и реков дека сакам да ја истетовирам химната. Му кажав на дечкото што ме тетовира што сакам и ми рече – дали си ти нормална. Едноставно сакав да го имам на телото тоа да ме потсетува на еден период од кој ми остана рана на срцето”, вели познатата пејачка.

Таа меѓудругото открива и дека изминатиот период често се дружи со Лазар Цветковски со кој подготвува нова песна, секако во нејзин стил. Но, што друго таа одговара седната на “Жешкото столче“, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: