Некои од најголемите хитови на Светлана Цеца Ражнатовиќ, како што се „Знам“, „Мртво мртво“, „Уснуле лепотица“, ги напиша пејачот Ненад Кнежевиќ-Кнез. Иако имаа плодна соработка, Кнез призна дека повеќе не сака да пишува за Цеца.
“Не сакам да пишувам за Цеца, немам сила за тоа. Таа следи поинаков тренд сега, не се наоѓам во тоа. Она што го напишав, го напишав. Драго ми е што ден денес настапува со тие неколку хитови што ги направив. Таа е одличен уметник и голема ѕвезда”, изјавил Кнез
Кнез откри и како започнала соработката.
“Аркан тогаш беше жив, затоа работевме. Се сеќавам на тој прв состанок. Таа дојде со Аркан и, се разбира, тој беше тој што преговараше. Тој ми рече: „Вие сте за музиката на Његош, можевте да направите нешто за мојата Цеца“. Интересно беше што после тоа станавме толку блиски што одев кај нив на многу прослави. Аркан, кој важеше за човек со кого не требаше да се шегува, беше исклучително пријатен насамо. Тој беше полн со дух, многу симпатичен и љубезен. Цеца и јас не се слушаме денес”, изјавил Кнез, а пренесуваат медиумите.

