Своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивни пејачки во златните денови на македонската фолк естрада, иако се проба и во забавните води.
Русокоса, згодна, со впечатлива природно виткана коса, упадливо нашминкана, Јасмина Мукаетова беше препознатлива и визуелно и по својот глас кога сите очекуваа дека ќе направи голема кариера, кавадаречката убавица преку ноќ исчезна од естрадата, ама и од земјата.
Имено, Мукаетова ја погодија аморовите стрели, па љубовта и донесе „понуда што не може да се одбие“ и замина за Америка. Оттогаш мина повеќе од една деценија, а за Мукаетова малку се слуша и знае дома. Таа се омажи за својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година. Основаа семејство, Јасмина роди две машки деца, синовите Диме и Зуко и со својот Тале имаат семеен бизнис.
Јасмина очигледно исполнета и среќна, преку океанот го живее својот американски сон, а песната ја остави настрана, за ретки прилики, како што беше онаа минатото лето, кога Јасмина и сопругот на годишницата од бракот, по десет години од американската свадба во Лас Вегас, решија да направат и македонска.
За сите роднини, другари, соседи, пријатели, колеги… кои тогаш ги собраа во ресторанот во винаријата во Градско, па се пееше и славеше до зори, со колегите – ѕвезди од македонската, но и од српската фолк естрада, а за микрофонот се фати и невестата Мукаетова, впрочем речиси секое лето редовно се враќа на кус престој во родната Македонија, а МТВ неодамна не ја пропушти можноста како јавен и национален сервис, да ја повика во една од своите магазински емисии.

