Во прв ред

Собирот на трубачи во Гуча оваа година од 5-ти до 11-ти август

Од 5-ти до 11-ти август ќе се одржи 53-от Собир на трубачи во Гуча. Како домаќин и прв кој што ќе го отвори овогодинешното издание на фестивалот во Гуча организаторите го споменуваат Емир Костурица кој на фестивалот ќе му даде посебен тон. Организаторите како и секоја година досега, така и оваа подготвуваат богата и голема програма, со гостувања на многубројни требачки оркестари од целиот балкан и пошироко.

Од нашата земја претставници на овој традиционален фестивал е културното и уметничко друштво “Срби и пријатељи” од Тетово кој што на сцената ќе настапува неколку дена по ред со своја програма. Фестивалот оваа година ќе го затвори Горан Бреговиќ со својот оркестар за свадби и погреби кои веруваме дека ќе направи вистинско шоу.

Доколку сте вистински љубители на овој вид музика и сакате да го посетите овој настан не чекајте туку одсега букирајте го своето присуство и уживајте!

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: