Музика на кирилица

Мартин од “Next Time” учесник на Скопскиот маратон

Мартин Филиповски, еден од близнаците од Некст Тајм, го пријави своето учество на Скопскиот маратон кој што ќе се одржи утре, недела 12-ти мај. Силата во трчање Мартин ќе ја одмери со натпреварувачи од различни возрасти и од разни држави, но и со многу познати личности од земјава.

“Веќе подолго време се подготвувам за оваа манифестација. Трчам на Водно три пати неделно и мислам дека сум подготвен да ја истрчам трката од пет километри. Особено се радувам што ќе ги одмериме силите и во спортски активности со други познати личности од државава”, вели Мартин.

Покрај ангажманот околу маратонот, Мартин заедно со неговиот брат Стефан, го подготвува новиот сингл на Некст Тајм кој што треба да излезе кон крајот на месецов.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: