World Music

“Турнеја на година” за Мадона

Поп кралицата Мадона ја освои наградата за “Турнеја на годината”, објави списанието Билборд. Според официјалните податоци, турнејата на Мадона во 2012-та година се состоела од 88 концерти и заработувачка од 305 милиони долари, што ја прави најдобра во 2012-та.

Наградата на Мадона ќе и биде врачена на 19-ти мај на церемонијата “Билборд Мјузик Авордс”, која ќе биде одржана во Лас Вегас. Мадона го има рекордот и во категориите Најдобра денс песна, Топ 10 синглови и Hot 100.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: