Балканленд

Дарко Лазиќ освен на сцената, мастор ќе е и во кујната (Фото)

Познатиот српски пејач Дарко Лазиќ слободно и без никаков срам изјавува дека од музиката засега нема леб. Тој на големо го подготвува својот нов проект, емисија за готвење со наслов “Кујната на Дарко”, која претпоставуваме дека ќе се емитува на YouTube, а можно е и на некоја од српските познати телевизии. Тој за сето ова вели:

“Јас обожувам да готвам. Нема леб од естрадата, сега-засега. Короната уништи многу пејачки кариери, па и мојата е на работ на катастрофа. Нема каде да пеам, не даваат, затоа морам однекаде да заработувам за живот, не можам да живуркам со двеста, триста евра во месецот”, накусо изјави познатиот мајстор на српската музичка сцена, а во блиска иднина и мајстор во кујната.

“Одвај чекам да почнам со моите специјалитети. Прсти ќе излижете”, додава пејачот Лазиќ при тоа не криејќи дека во новиот проект за готвење тој ќе биде главниот готвач, но за целовреметраење негов асистент ќе биде неговата поубава половина, сопругата Марина.

Можеби ќе ве интересира: