Премиера

„Нокаут“ ја промовираа долгонајавуваната песна „Шал“

После долго чекање „Нокаут“ вчера ја промовираа долгонајавуваната песна „Шал“, која Игор Џамбазов ја најави уште пред 2 години. Тој тогаш за јавноста откри дека своевремено имал напишано песна со наслов „Шал“, посветена на девојка која била дел од неговиот живот.

Како што споменавме текстот го напиша Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов и Никола Перевски-Пере. За видео спотот беше задолжен охриѓанецот Јован Куциноски и неговата продукција.

Можеби ќе ве интересира: