Премиера

„Funk Shui“ снимија песна со Вера Љубојна (Видео)

Најперспективниот бенд кај нас, „Funk Shui“, со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020-та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера. „Метоери“ и „Ветер“, кои заедно со своите официјални видеа се авторски материјал кој ја мултиплицираше регионалната публика на „Funk Shui“, во рекордно време се позиционираше на најрелевантните топ листи, разгорувајќи го медиумскиот интерес на Балканот.

„Не време“ е нов сингл во соработка со еден од најпрепознатливите и најегзотични женски вокали во поновата македонска историја – Вера Милошевска – Јосифовска, кристалниот глас на групата „Љубојна“ и најавтентичната културна фигура на македонскиот мелос. Се работи за електична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на „Funk Shui“.

Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото „Метеори“ на „ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020“ во дури 3 категории, тие се финалисти на „HEMI Music Awards“, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор.

Можеби ќе ве интересира: