Како медиум кој е максимално посветен на промоција на македонска музика пред се, македонски артисти, сакавме да дадеме максималната поддршка на нашиот представник на Евровизија, што ќе продолжиме да го правиме му се допаѓало тоа на некого или не.
Нашите читатели ги информиравме за се, го промовиравме спорното видео, и како професионален медиум бараме изјава за текстот за која пишуваме.
Имено, добивме информација околу 15,30 минути дека ќе се менуваа спорниот момент во евровизискиот спот и за да не пишуваме информации кои не се потврдени, побаравме изјава од Васил, кој на безобразен начин не откачи. Бидејќи е тешко да се дојде до делегацијата од МРТВ, ги замолуваме јавно и бараме одговор само на едно прашање: Зошто би се менувало нешто, доколку го нема?

