Фестивали

Република Македонија на Евровизија 2010 година ја претставуваше Ѓоко Танески

Република Македонија официјално најавила дека ќе учествува на Евровизија 2010 година, која  се одржи во Осло, Норвешка. Македонија својот претставник за Евровизија го избрала на фестивалот “Скопје Фест”, кој избор се состоел од две полуфиналиња и едно финале. Изборот бил организиран од страна на МРТВ во периодот од 18 февруари до 20 февруари 2010.

Република Македонија на Евровизија 2010 година  ја претставуваше Ѓоко Танески, кој победи со песната „Јас ја имам силата“. Песната  ја изведе на првото полуфинале кое се одржа на 25 мај 2010.

Јас ја имам силата – македонска поп-рок песна, компонирана од Кристијан Габровски и изведена од страна на Ѓоко Танески, заедно со Били Ѕвер & Пејчин како македонски претставник за песна на Евровизија 2010 во Осло, Норвешка.

Песната била избрана на 20 февруари 2010 година од 16 песни-учеснички во финалето на Скопскиот фестивал 2010 година. Таа добила најмногу поени и прaктично се натпреварувала за првото место со Влатко Илиевски, пред да биде прогласена за победничка. Песната не успеала да се квалификува за финалето на Евровизија. Песната ја компонирал и ја напишал Кристијан Габровски (познат и како Ристо Бомбата), а аранжманот е направен од Дарко Тасев.

По победата на македонскиот национален избор за песна на Евровизија, било одлучено аранжманот и текстот да останат исти, а песната да биде изведена на македонски јазик. Во почетокот на мај 2010 година, била снимена верзија на англиски јазик со наслов I’ll Forget You (“Ќе те заборавам”). Текстот за англиската верзија го напишала Весна Малинова. Песната за првпат била исполнета како 10-та по ред на полуфиналната вечер на Скопскиот фестивал 2010 година. На крајот на полуфиналната вечер се нашла на 4-та позиција, со освоени 15 поени (заедно од жирито и “телевоутингот”)

Gjoko Taneski - Jas Ja Imam Silata (F.Y.R. Macedonia) Live 2010 Eurovision Song Contest

Под мотото “Моето име е Македонија“, во март 2010 година бил снимен официјалниот музички спот за песната. Спотот бил снимен во студиото на Томато продукција, во режија на Бранислав Поповиќ – Бане. Во видеото биле прикажани убавините на Македонија преку некои од најдобрите македонски женски модели како што се Наталија Грубовиќ, Марјана Станојковска и Радица Лелова.

Ѓоко Танески и Били Ѕвер биле облечени во елегантни костуми, а девојките во провокативни и атрактивни творби, изработени од страна на Елена Лука. На крајот од видеото има текст што вели: “Моето име е Љубов”. Спотот премиерно бил прикажан на 30 март 2010 година на МРТ.Песната била изведена 15-та по ред на првата полуфиналната вечер на Евровизија 2010 во Осло, на 25 мај 2010 година. На сцената, заедно со Танески, Били Ѕвер и Пејчин се појавила и младата македонска пејачка Деана Николовска со уште две девојки. Деана го отпеала придружниот вокал и на сцената танцувала со девојките.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: