Премиера

“High Control” со балада и нов спот (Видео)

Секогаш енергичните тетовчани од алтернативната инди – рок група “High Control” повторно со нешто свежо и поинакво од нивната музичка кујна. “Заборави” е името на новата песна која ќе се најде и на нивниот трет албум за чија музика и аранжман се погрижија токму тие и која Роберт, Игор, Гоце и Јосип ја нудат на македонскиот музички пазар.

Текстот за “Заборави” го напиша Роберт Матовски. Спотот за песната е изработен од Горила продукција, на падините на Козјак, видео спотот за новата песна на “High Control” е комплетно дело на познатото дуо Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска. Со “Заборави” групата “High Control” го најавуваат почетокот на едно напорно работно лето, во кое ги очекуваат многу настапи и концерти низ земјава, како и подготовка на многу новите музички проекти.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: