Во емисијата „Sвездите на Гранд“, што се емитуваше вечерва, 20 март, се претстави Марија Груевска, која го полуде жирито со својот талент, но и со невидениот стајлинг во конкуренцијата. Марија се претстави со песната на Тоше Проески „Кој ли ти гризе образи“, како и со песната на Јелена Карлеуша, „Управо остављена“, но на начин што никој досега го нема направено – во џез-верзија!
Груевска се појави на сцената во неверојатна златна креација на дизајнерот Златко Јовановски и со посебен детал на главата, а нејзиниот стајлинг ги воодушеви жирито и гледачите во близина на малите екрани.
“Никогаш во животот не сум видела толку висока мода, како што гледам вечерва на тебе. Ова се вика висока мода… Честитки за Златко, ова е нешто невообичаено на оваа сцена, изгледаш како принцеза, пееше како да си од некоја друга димензија, тотално поинаква. Едно чудно патување што никогаш не се чуло на оваа сцена, еден тотално искривен пристап…”, и рече Јелена Карлеуша.

